Струјата ќе поскапи, од Владата уверуваат рестрикции нема да има – Makedonija News

Струјата ќе поскапи, од Владата уверуваат рестрикции нема да има

о владата сметаат дека поскапувањето на струјата нема да биде над 10 проценти, но крајниот збор треба да го има Регулаторната комисија за енергетика. Претседателот на РЕК Марко Бислимоски вели дека рестрикции не се опција, зашто ќе направат уште поголеми проблеми.

Денеска почнува расплетот по кој ќе се знае за колку ќе поскапи струјата за домаќинствата од Нова година. Државниот производител на струја ЕСМ денеска, на петтиот по ред распишан тендер на ЕВН Хоум, ќе достави понуда за целосно стоотстотно покривање на потрошувачката на струја за првите шест месеци од 2022.

извор:slobodnaevropa.mk

Social profiles