Доколку сакате да преноќите во вилата од филмот „Куќата на Гучи” ќе платите 992,62 евра – Makedonija News

Доколку сакате да преноќите во вилата од филмот „Куќата на Гучи” ќе платите 992,62 евра

Голем дел од хит филмот ,,Куќата на Гучи” е сниман на езерото Комо, во прекрасната Вила Балбијано. Вилата Балбијано важи за една од најпознатите домови на брегот на познатото италијанско езеро и е одраз на животот италијанската аристократија. 

Филмот, оне кои го гледале добро знаат дека ни покажува сцена на шокантната приказна за семејната модна империја, Алдо Гучи, претседателот на извршниот одбор на модната куќа Гучи.

Оваа вила наскоро ќе биде достапна на платформата Airbnb, а посетата на оваа импозантна зграда сигурно ќе ви го одземе здивот. Барокни фрески, бујни, убаво уредени градини, отворен базен, приватно пристаниште и бродска куќа се само дел од она што ја прави оваа вила толку луксузна и привлечна за туристите.

Целокупното историско искуство ќе биде комплетирано со пространи соби во шест луксузни апартмани, дизајнирани и стилизирани од познатиот француски дизајнер на ентериер Жак Гарсија. За дополнителен луксузен ефект, тука се и кристалните лустери, мермерните бањи и кадифениот мебел извезен со вистински скапоцени камења.

Резервациите за престој во овој објект, веќе се започнати, а едно ноќевање во овој луксузен амбиент ќе ве чини 992,62 евра.

Погледнете фотографии од ентериерниот и екстериерниот амбиент на вилата.

извор: Elle.si.

Social profiles