Резултатите од истрагата за несреќата на „Беса транс“ ќе излезат за скоро – Makedonija News

Резултатите од истрагата за несреќата на „Беса транс“ ќе излезат за скоро

Истрагата за автобуската несреќа во која минатиот месец загинаа 45 лица на автопатот „Струма“ во Бугарија се ближи кон крајот, со што се очекуваат резултатите од увидот на експертите од повеќе области, кои би можеле да бидат готови и пред Божиќ, според директорот на бугарската Национална истражувачка служба Борислав Сарафов, кој даде изјава за „БНТ“.

„ Барањата за еден професионален возач на автобус се повисоки отколку за кој било друг возач. Затоа било неопходно и брзината да била соодветна на условите независно од ознаките на патиштата. Да, можно е означувањата на патот да не биле соодветни, но нема никаква причинско-последична врска меѓу несреќата и лошата патна сигнализација. Возачот треба да е повнимателен и да вози со прилагодена брзина“, изјави Сарафов.

Според него, мислењето на експертите е дека причина за несреќата најверојатно е човечка грешка.

Сарафов посочил и дека нема директна поврзаност помеѓу несреќата и патната сигнализација, иако можеби постои влијание, со што нагласи дека сигнализацијата очигледно не ги задоволува стандардите. Не е позната ниту причината поради која автобусот удрил во заштитната ограда. Од ударот се дупнал резервоарот за гориво, избувнал пожар и возилото се заглавило меѓу заштитните огради што ги делат двете ленти на автопатот.

Social profiles