Хуманитарна акција во недела за „Пакетчиња за сите дечиња“ – Makedonija News

Хуманитарна акција во недела за „Пакетчиња за сите дечиња“

И оваа година се организира акцијата „Пакетчиња за сите дечиња“. Целта на оваа акција е да се усреќат што повеќе дечиња пред се децата од семејства од социјален ризик на територијата на Охрид и околината за да ја почувствуваат магијата на Новата година и да се израдуваат, вели Wik Kakarotski, еден од иницијаторите.

Досега собравме само на ниво на Охрид околу 1000 пакетчиња и исто така собравме средства за уште 3500 пакетчиња, што значи дека веќе околу 4500 пакетчиња ќе се собрани. Минатата година поделивме околу 2000 пакетчиња, а годинава се очекува бројката да достигне до 6000 – 7000 пакетчиња.

На градскиот плоштад и вчера имаше акција за собирање пакетчиња и средства од хумани граѓани, а се најавува уште една ваква акција за во недела.

Во недела од 11 часот ќе имаме отворен штанд во центарот на Охрид, каде сите кои се во можност ќе може да донираат средства или пакетчиња.

Досега во рамките на проектот “Пакетчиња за сите дечиња” го посетиле основното училиште ,,Св.Климент Охридски” во село Манастирец во Македонски Брод каде беа поделени пакетчиња.

Инаку, иницијативата  ја почнале заедно со Никола Ристески минатата година спонтано  со цел да се поделат пакетчиња на децата кои го посетувале  „Часот на љубовта и  другарството“, но откако било објавено на социјалните мрежи, иницијативата предизвикала голема заинтересираност и луѓето се вклучиле со своите донации.

Social profiles