20 милјарди долари инвестиција на Њујорк во ѕид за заштита од поплави – Makedonija News

20 милјарди долари инвестиција на Њујорк во ѕид за заштита од поплави

Речиси милијарда и пол американски долари ќе бидат инвестирани во изградбата на поплавниот ѕид кој ќе се протега на околу четири километри. Но, самиот проект е поголем и подолгорочен од тоа.

„Њујорк ќе инвестира 20 милијарди долари во проектот за отпорност од климатските промени. Развивме повеќеслоен проект кој вклучува заштита на нашиот брег. Имаме околу 840 километри крајбрежје низ градот, поради што сме загрижени за растечкото влијание на бурите и покачувањето на нивото на морето. Покрај тоа, работиме на зајакнување на темелите на милиони згради во градот за да издржат нови неволји. Во самиот град, сопствениците на куќи мора да се придржуваат до една од најстрогите и најотпорните регулативи за градба во светот“, изјави Џејни Бавиши, директорка на кабинетот на градоначалникот.

Њујорк е крајно загрижен за влијанието на климатските промени, а апсолутната промена во пристапот кон климатските промени е поттикната од „супер бурата Сенди“. Таа бура во Њујорк однесе 44 животи, директно погоди 110.000 од нив, а зад себе остави материјална штета од 19 милијарди долари. И само во тој град. Од Карибите до Канада одзеде вкупно 233 животи, а штетите се искачиле на 70 милијарди долари.

Social profiles