Ердоган: „Турција од 1 јануари ќе ја зголеми минималната месечна плата за 50,4 отсто“ – Makedonija News

Ердоган: „Турција од 1 јануари ќе ја зголеми минималната месечна плата за 50,4 отсто“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција од 1 јануари ќе ја зголеми минималната плата за 50,4 отсто, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Нето-минималната месечна плата ќе изнесува 4.250 турски лири [275 долари]“, изјави Ердоган.

„Верувам дека со ова зголемување ја покажуваме нашата посветеност да не ги оштетиме нашите вработени пред покачувањето на цените“, нагласи Ердоган.

Годишната инфлација во Турција во ноември изнесуваше 21,31 отсто, додека просечниот пораст на цените на производите за широка потрошувачка за 12 месеци изнесуваше 17,71 отсто.

извор: Агенција Анадолија (АА).

Social profiles