TikTok го напаѓа Twitch: Тестира апликација за стриминг на игри – Makedonija News

TikTok го напаѓа Twitch: Тестира апликација за стриминг на игри

TikTok почна со тестирање на нов софтвер за десктоп компјутери, кој е насочен кон гејминг популацијата.

Популарната апликација го тестира софтверот TikTok Live Studio, кој на корисниците им овозможува пренос во живо на видео игри и други десктоп апликации.

Софтверот моментално се тестира од страна на помал број корисници на некои од западните пазари.

Доколку стане официјален, TikTok Live Studio, би можел да претставува интересна промена за стриминг во живо на TikTok.

Наместо да се фокусира на корисниците кои стримаат директно од своите мобилни уреди, сервисот би можел да го прошири фокусот на TikTok Live на пренос на игри и би претставувал конкуренција на Twitch, YouTube Gaming и Facebook Gaming платформите.

Според одредени извори, софтверот моментално има основни функции. Може да поддржи стиминг во панорамски и портрет мод, може да презема видео клипови од игри, индивидуални програми, мобилни уреди и камери.

Social profiles