Објавен трејлерот за филмот кој Николас Кејџ го сними во Дубровник и кој не сака да го гледа: „Ми изгледа лудо да појдам во кино и да се гледам самиот себе...“ – Makedonija News

Објавен трејлерот за филмот кој Николас Кејџ го сними во Дубровник и кој не сака да го гледа: „Ми изгледа лудо да појдам во кино и да се гледам самиот себе…“

Објавен е трејлерот за филмот „The Unbearable Weight of Massive Talent“, филмот кој се снимаше во Дубровнк и околината, а во кој главната улога ја има Николас Кејџ.

Кејџ во филмот се глуми самиот себе, а филмот е снимен во Дубровник и околината.

За што станува збор во филмот? Па, тоа е бизарно и тешко за објаснување.

Значи, Николас Кејџ го глуми Николас Кејџ, актерот на кој му пропаднала кариерата и кој поради тоа е присилен да работи приватна работа од милион долари – да дојде на роденденот на богатиот обожавател.

Николас Кејџ потоа се соочува со ситуација, за да се спаси себеси и саканите, мора да стане како сите најпознати и најлегендарни ликови кои во текот на кариерата ги оживеал на филмското платно, но како реалниот Николас Кејџ.

Погледнете го трејлерот:

Кејџ претходно во некои интервју изјавил дека филмот никогаш нема да го погледне:

„Никогаш нема да го погледнам филмот. Ми кажаа дека е добар. Го погледна мојот менаџер, Мајк Нилон, кој исто така е и продуцент. Беше многу среќен. Ми кажаа дека и на публиката ѝ се допаднал филмот, но едноставно ми се чини дека би полудел да појдам во кино и да се гледам самиот себе како играм многу невротична верзија од себе, полна со тегоби. Режисерот постојано ме тераше во таа насока. Му реков дека тоа всушност не сум јас“, појаснил актерот.

Social profiles