
Масивен глечер на Антарктикот, кој се смета за клучен за глобалното зголемување на нивото на морето, би можел да го загуби својот леден гребен за само пет години, предупредува тим на научници.
Глечерот Твајтс е со големина колку Британија и содржи доволно вода со која би се подигнало нивото на морето ширум светот за повеќе од половина метар. Придонесува со околу 4% од годишното глобално зголемување на нивото на морето и е наречен најважниот глечер во светот, а дури го нарекуваат и глечерот „Судниот Ден“. Сателитски студии покажуваат дека тој се топи многу побрзо отколку во 1990-тите години.
Пред 20 години, областa со мраз за која се сметаше дека тежи речиси 500 милијарди тони, драматично се откина од антарктичкиот континент и се распарчи на илјадници ледени делови во Веделовото Море.
Топењето на глечерот Твајтс е загрижувачки, но има и многу други големи глечери на Антарктикот кои исто така се повлекуваат, се разредуваат и се топат како што се загрева Јужниот океан. Дали и колку брзо тие глечери можат да се стопат и да се претворат во вода, се некои од најважните прашања. Нивото на морето брзо се зголемува: годишната стапка се зголеми повеќе од двојно од 1,4 mm на 3,6 mm помеѓу 2006 и 2015 година и се забрзува. Неколку милиметри годишно не звучат многу, но загубата на дури и мал дел од Твајтс не само што би помогнало прогресијата дополнително да се забрза, туку веројатно ќе ја зголеми сериозноста од појава на бура.
And now . . .
Thwaites Glacier is opening up giant fissures and will collapse in 3-5 years or less.
It's about the size of Britain and makes Larsen B look like a tooth pick at 100X larger.
The "Doomsday Glacier"
Sea level increase of half a metre + many more effects.
Hello ALP pic.twitter.com/s95fUotN3v— Michael Matheson (@Dadmatho) December 19, 2021