Американската конгресменка Мери Геј Сканлон била ограбена на улица во Филаделфија – Makedonija News

Американската конгресменка Мери Геј Сканлон била ограбена на улица во Филаделфија

Американската конгресменка Мери Геј Сканлон била ограбена во Филаделфија, кога двајца непознати напаѓачи и впериле пиштол додека била во автомобилот.

Под заканата со пиштол, Сканлон морала да го напушти возилото, а криминалците и го украле автомобилот и личните работи, вклучително и државен мобилен телефон и лична карта.

Од нејзинаиот кабинет соопштија дека таа не е повредена, а во потрагата по напаѓачите се вклучи и ФБИ.

Social profiles