Автомобил се преврте 4 пати на Дакар релито (ВИДЕО) – Makedonija News

Автомобил се преврте 4 пати на Дакар релито (ВИДЕО)

Бенедиктас Ванагас и неговиот совозач Филипе Палмеиро се обидуваа да напредуваа во Фазата 4 во пустината во Саудиска Арабија.

Но, налетувајќи на една песочна дина, нивното возило полета и се преврте четири пати.

Оставајќи зад себе делови и губејќи го предниот браник, нивната тојота успеа да се приземји на тркала со возачот и навигаторот неповредени.

Првично не се знаеше дали двојката ќе успее да го поправи возилото и да се врати на петтиот ден на исцрпувачкото рели кое треба да заврши на 14 јануари.

Меѓутоа, Ванагас на Инстаграм објави дека тоа нема да се случи.

„Дакар заврши. Најважно е што ние сме океј“, напиша тој.

Social profiles