(ВИДЕО) Одржани преговорите во Белорусија – Makedonija News

(ВИДЕО) Одржани преговорите во Белорусија

Денеска Русија и Украина ги почнаа преговорите во областа Гомел во Белорусија надевајќи се дека ќе стават крај на кризата.

Добредојде на двете делегации им посака Владимир Макеј, шеф на аднинистрацијата на белорускиот претседател, Александар Лукашенко.

Макеј им порача на делегациите дека може да се чувствуваат тотално безбедност и дека тоа е нивна света должност.

За тоа што се говори најмногу по социјалните мрежи е стајлингот на дипломатите.

Додека руската делегација беше во одела, пантолони и вратоврски, Украинците кај Гомел пристигнаа во поопуштено издание.

Лидерот на партијата „Слуга на народот“, Давид Арахами, дел од украинската делегација, се појави во маичка со кратки ракави и спортско капче. До него седеше министерот за одрбана, Олексеј Режњиков во зелен џепмер, додека советникот на претседателот Зеленски се решил за црн стајлинг.

Само двајца членови на украинскиот тим за преговори седнаа на преговарачка маса во одела.

Social profiles