ЕУ подготвена да ја поврзе Украина на својата електроенергетска мрежа – Makedonija News

ЕУ подготвена да ја поврзе Украина на својата електроенергетска мрежа

Украинската електроенергетска мрежа ќе биде поврзана со европската мрежа што е можно поскоро, изјави синоќа европската комесарка за енергетика, Кадри Симсон. 

Симсон и француската министерка за еколошка транзиција Барбара Помпили ја потврдија одлуката на прес-конференцијата по состанокот на Советот за транспорт, телекомуникации и енергетика што се одржа со учество на министрите за енергетика на Европската Унија.

Симсон рече дека ги ислушала ставовите на министрите за синхронизацијата на електроенергетската мрежа на Украина со европската мрежа, работите во кои напредуваат веќе неколку години и сега наметнуваат потреба да се преземат технички чекори.

Таа вчера се состана со Европската мрежа на оператори на преносни системи (ENTSO-E) за да разговара за синхронизацијата на украинската електрична мрежа со европската мрежа. ENTSO-E моментално има 39 членови од 35 земји.

извор: news1.mk

Social profiles