Брачниот пар Грашо носи исти бурми како Анџелина Џоли, а еве што барала Хана – Makedonija News

Брачниот пар Грашо носи исти бурми како Анџелина Џоли, а еве што барала Хана

Хана Хуљиќ и Петар Грашо неодамна дадоа завет на вечна љубов, а на подарок добија бурми од еден од тројцата кумови, словенечкиот готвач Томаж Кавчиќ. Од златарницата открија детали за прстенот кој сега ги краси рацете на брачниот пар.

 Прстените се направени од 14-каратно злато, розовo. Прстените се мат однадвор и сјајни одвнатре. Ни требаа неколку дена да ги направиме прстените бидејќи во овие бурми ги споивме желбите на Хана и Петар, па разговорите и консултациите резултираа со овие пристојни и елегантни парчиња – велат од златарницата.

Нивниот накит е традиционален, рачно изработен, обликуван во модерен дизајн кој го обожаваат многу ѕвезди како Анџелина Џоли, Северина, Нина Бадриќ, Божо Вреќа… Анџелина тој накит го носеше во Сараево во 2012 година на премиерата на нејзиниот режисерски филм каде таа пристигнала со нејзиниот тогашен сопруг Бред Пит.

– Прстенот на Хана го краси дијамант, а интимната порака испишана од внатрешната страна на двата прстени останува тајна што само Петар и Хана можат да ја споделат со јавноста – изјави златарот.

Social profiles