Ке се изненадите! За што може да се користи кората од Бананите? – Makedonija News

Ке се изненадите! За што може да се користи кората од Бананите?

Кора од банана содржи амино киселини и витамини А, Б, Ц и Е кои прават чуда на кожата . Исто така, многу ефикасно се борат со чешањето на стапалата и ви прават непријатност, особено во лето. Неколку дена по ред потребно е да се втрие внатрешната страна на кората од бананата на проблематичните места на стапалата , за да се видат извонредни резултати.

Многу производи кои ги користите за нега на вашата кожа, а особено за областа околу очите, се направени од кора од банана. Познато е дека бананите се одлични за нега на чувствителна и надуена кожа , а благодарение на нивните навлажнувачки својства и ја даваат потребната влажност и мазност на кожата . Исто така, многу ефикасно се бори со темните дамки на лицето и малите лузни .

Кора од банана е многу моќен антиоксиданс , а со тоа и заштита од оксидативно оштетување, притоа придонесувајќи за забавување на стареењето на кожата . Нанесете ја кората од банана на лицето под очите и оставете ја да делува околу 15 минути. Голема разлика ќе забележите во отсуство на надуеност и темни кругови во тој регион.

Кора од банана се смета за врвен домашен лек. Ако сте страдале од каснување од комарец и не можете да се справите со чувството на чешање , кората од банана може многу да ви помогне. Втријте го на чувствителното место и гледајте како исчезнува чувството на чешање . Бананите се природно полни со полисахариди, кои се познати по своите антиинфламаторни својства и го намалуваат отокот .

Доколку имате проблеми со акните и сте ги пробале сите можни третмани и креми, дајте шанса и кора од банана . Бананите содржат лектин и цинк кои имаат антибактериски својства и помагаат во заздравувањетона раните.

Кора од банана истријте ја на пределот на кожата покриена со акни и оставете ја да делува околу 10 минути , а потоа исплакнете. Препорачливо е да ја повторувате оваа постапка најмалку три пати на ден во текот на 7 дена за да ги видите посакуваните резултати.

Social profiles