ЛОШИ НАВИКИ КОИ ПРАВАТ ДА ИЗГЛЕДАТЕ ПОСТАРО – Makedonija News

ЛОШИ НАВИКИ КОИ ПРАВАТ ДА ИЗГЛЕДАТЕ ПОСТАРО

Престанете да ги триете очите
Триењето, тегнењето и почестото допирање на очите предизвикуваат подочници и темни делови околу нив.

Спијте попладне
Кожата ја има таа способност да се обновува преку ноќ. Затоа, попладневната дремка секогаш одлично влијае и врз мозокот и врз кожата на лицето.

Не спијте само на една страна
Спиењето на страна можеби е удобно, но тоа и штети на кожата. Притискајќи го лицето на перницата осум часа во текот на ноќта, често предизвикува брчки.

Без стрес
Коризол, главниот стрес хормон, го уништува колагенот, што пак доведува до бледа кожа, брчки и предизвикува воспалување.

Не се фокусирајте само на брчките
Брчките не се единствениот доказ дека кожата старее. Ако ги имате, не значи дека кожата ви е стара или дека сте почнале да стареете. Темните флеки на лицето и пигментацијата се уште еден знак за тоа каква е вашата кожа.

Social profiles