Верстапен ќе го потпише еден од најскапите договори во историјата на Формула 1 – Makedonija News

Верстапен ќе го потпише еден од најскапите договори во историјата на Формула 1

Актуелниот шампион на Формула 1, Макс Верстапен, ќе потпише нов договор со „Ред Бул“, еден од најскапите во историјата на тој спорт вреден меѓу 40 и 50 милиони евра годишно, пренесуваат холандските медиуми.

Холандскиот возач со потпишувањето на новиот договор ќе остане во „Ред Бул“ и по 2023 година кога ќе му истече договорот.

24-годишниот Верстапен ќе потпише договор на четири или пет години, пренесува „BBC“. Возачот ќе заработува меѓу 40 и 50 милиони евра годишно, односно меѓу 33 и 42 милиони фунти годишно.

Тој договор ќе биде еден од најскапите во историјата на Формула 1. Се шпекулира дека седумкратниот светски шампион од „Мерцедес“, Луис Хамилтон, годишно заработува 40 милиони фунти.

Директорот на „Ред Бул“ Хелмут Марко лани изјавил дека компанијата е во преговори со Ферстапен околу новиот договор.

Тој минатата година изјави дека договорот на Хамилтон е прескап за Формула 1 и дека за плата на возач треба да се воведат ограничувања.

Да ве потсетиме, Ферстапен минатата година по контроверзната одлука на дирекцијата на трката во Абу Даби, последна во сезоната, ја освои првата шампионска титула во својата кариера. Тој тогаш изјави дека би сакал да ја помине цела своја кариера во „Ред Бул“.

Social profiles