Дуа Липа се соочува со тужба за повреда на авторски права – Makedonija News

Дуа Липа се соочува со тужба за повреда на авторски права

Британската поп-пејачка Дуа Липа се соочува со тужба за повреда на авторски права, поднесена од бендот „Артикал саунд систем“. Раперите, имено, тврдат дека таа ја искористила нивната песна „лив јуар лајф“ (Live Your Life) за нејзиниот хит „Левитејтинг“ (Levitating).

Од рап-бендот сметаат дека поп-ѕвездата и нејзиниот тим ја имале предвид нивната песна кога ја создале „копијата“. Иако во тужбата музичарите не објаснуваат зошто мислат така, стручни лица признаваат дека има сличности во двете песни, особено рефрените.

„Артикал саунд систем“ како обвинети ги именуваше и „Ворнер рекордс“, барајќи да ја добијат цела заработка од песната, како и да добијат обештетување.

Од тимот на Дуа Липа сѐ уште нема коментари.

Social profiles