НАЧИНИ КАКО ДА ГО НЕУТРАЛИЗИРАТЕ ЛОШИОТ ЗДИВ – Makedonija News

НАЧИНИ КАКО ДА ГО НЕУТРАЛИЗИРАТЕ ЛОШИОТ ЗДИВ

  1. Одете редовно на преглед кај вашиот забар
    Посетувајте го вашиот забар за редовни прегледи и чистења на забите. Тоа е најдобар начин да бидете сигурни дека одржувате добра орална хигиена.
  2. Четкајте ги забите два пати во денот
    Најважно е да ги четкате забите правилно (горе-долу со четката, а не лево-десно како што повеќето луѓе прават).
  3. Користете забен конец еднаш дневно
    Задолжително е да користите забен конец еднаш дневно. Со негова помош внимателно ќе ги отстраните остатоците од храна кои се наталожиле помеѓу непцата, а со четкичка за заби не можат да се отстранат.
  4. Користете течност за плакнење на усната шуплина
    Оваа течност во никој случај не смее да биде замена за пастата за заби. Важно: ако имате расипани заби не користете течност за плакнење, бидејќи така само ќе го „замачка“ проблемот со расипаните заби, а нема да го отстрани непријатниот здив.
  5. Четкајте го јазикот
    Најголем број бактерии се таложат на јазикот додека спиете. Четкајќи го, ќе ги отстраните.
  6. Избегнувајте го тутунот
    Тутунот е причина број еден за вашиот лош здив. Тој ја суши вашата уста и остава многу непријатен мирис. Затоа, избегнувајте ги цигарите и производите од тутун.
  7. Не дозволувајте вашата уста да биде сува
    Пијте многу вода и течности. Осум чаши на ден се доволни за човековиот организам. Под течност не се подразбираат тетрапак соковите, туку природните цедени сокови и чаевите.
Social profiles