Православните христијани денеска го слават големиот верски празник Проштени поклади кој меѓу народот е познат како Прочка. – Makedonija News

Православните христијани денеска го слават големиот верски празник Проштени поклади кој меѓу народот е познат како Прочка.

Станува збор за еден од поголемите христијански празници во зимскиот период кој доаѓа по Бадник, Божиќ, Водици и Свети Трифун, а кој го најавува почетокот на пролетните празници. Со Прочка практично започнуваат и велигденските пости.

Празникот името го добил по обичајот на овој ден да се дава и бара простување од пријателите и најблиските.

Низ вековите македонскиот народ најмногу проштевал, а тоа го прави и денес. Покрај простувањето во овие тешки времиња да се помолиме за здравје и мир. Да живееме проштевајќи, во прошка од Бога, без непријателство и злоба.

За многу години Прочка!

Social profiles