Бензинот се намалува за 6.5 денари а дизелот за 9 денари – Makedonija News

Бензинот се намалува за 6.5 денари а дизелот за 9 денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска одржува седница на која треба да бидат вкалкулирани новите изменети акцизи и стапки на ДДВ и да биде донесена одлука за намалување на цените на горивата. Новите цени, како што информираа од РКЕ, ќе важат од вечер на полноќ.

Претседателот на РКЕ Марко Билсимовски за сдк.мк, изјави дека согласно усвоените измени на законите за ДДВ и акцизи, цената на бензините ќе се намали за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари.

Собранието доцна синоќа едногласно по скратена постапка ги донесе Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и Предлогот на закон за дополнување на Законот за акцизите.

Social profiles