Луис Хамилтон го менува презимето во чест на својата мајка – Makedonija News

Луис Хамилтон го менува презимето во чест на својата мајка

Британецот покажува колкава почит има кон својата мајка.

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, во наредната сезона на Формула 1 ќе учествува со друго презиме, а процесот на промена е веќе започнат.

Луис истакнал дека многумина не знаат како се презива неговата мајка Кармен.

„За моето семејство следната победа во шампионатот ќе биде од светско значење. Тоа ќе биде важно и за мене, со заводолство ќе го носам своето презиме Хамилтон. Но, никој од вас можеби не знае дека моминското презиме на мојата мајка е Ларбалестиер кое ќе го додадам на моето целосно име“, истакнал седумкратниот првак на Формула 1.

Луис додал дека не разбира зошто жените по венчавањето се одрекуваат од своите презимиња.

Таткото на Хамилтон, Ентони, и неговата мајка Кармен се развеле кога тој имал само 2 години.

Процесот на документација нема да заврши до стартот на трката за Големата награда на Бахреин.

За потсетување, Хамилтон минатата сезона ја изгуби титулата во последната трка, кога во последниот круг беше престигнат од Холанѓанецот Макс Ферстапен.

Social profiles