Како CBD маслото влијае на вашиот имунитет? – Makedonija News

Како CBD маслото влијае на вашиот имунитет?

Имунолошкиот сиситем е еден од најважните автономни телесни системи кој го чуваат човечкиот организам од болести и штетни надворешни влијанија. Овој прилог е за влијанието на CBD маслото на имунитетниот систем на човекот, односно како може да помогне за да се поврати или да се одржува стабилноста на ослабениот имнунитет кај човекот и животните.

Како функционира имунитетот на човекот?

Имунолошкиот систем е составен од клетки кои синхронизирано се борат против инфекции, вируси и бактерии. Тој ја памти секоја бактерија и вирус со кој стапува во контакт и со таа
меморија се одржува во иднина отпорен во моментот кога повторно ке ја сретне. Едноставен пример е настинката, која поретко ја добиваме поради тоа што повеќе пати сме
поминале низ неа и организмот веќе стекнал некаква одбрана.

Главни делови на имунолошкиот систем се:

  • Бели крвни клетки
  • Антитела
  • Комплементарен систем
  • Лимфен систем
  • Слезина
  • Коскена срж
  • Тимус

Бели крвни клетки-прв степен на одбрана

Белите крвни клетки се најважниот дел од имунолошкиот систем. Овие клетки се создаваат во коскената срж и претставуваат дел од лимфниот систем. Белите крвни клетки се движат низ крвта и ткивата и бараат микроби и бактерии за да ги нападнат односно уништат и да го одбранат организмот од потенцијални болести. Под бели крвни клетки спаѓаат голем број лимфоцити, а најпознати се Б клетки и Т клетки.

Антитела и комплементарен систем

Антителата се борат против микробите и токсините кои телото ги произведува. Антителата во борба против микробите и токсините вклучуваат протеини, други клетки и хемикалии.
Комплементарниот систем е составен од протеини кои се вклучени во борбата против микробите.

Лимфен систем и слезинка

Лимфниот систем претставува мрежа од канали низ кои тече лимфата-како бистра течност која минува низ телото.

Улогата на лимфниот систем е:

  • Да ја одржува оптимална течноста во телото
  • Реакција при внес на бактерија
  • Борци против клетките на ракот и други болести
  • Абсорбира масти од цревата

Лимфниот систем е составен од:

  • Лимфни чворови
  • Лимфни жили
  • Бели крвни клетки

Слезина

Слезината е орган кој филтрира крв, односно ги отстранува микробите и ги уништува старите истрошени крвни клетки.

Косекна срж и тимус

Коскената срж е сунѓерасто ткиво кое се наоѓа во коските. Коскената срж создава црвени крвни клетки, бели крвни клетки и тромбоцити. Тимусот ја прати состојбата на крвта и создава бели крвни клетки односно Т лимфоцити.

CBD масло и како делува на имунитетот

Постои со сигурност корелација мегу канабиноидите и имунолошкиот систем, а најмногу помеѓу канабидиолот (CBD) и THC.
Иако е докажано , сепак потребно е да се направат дополнителни истражувања како би се точно утврдило како CBD-то функционира во координација на имунолошкиот систем. CBD-то има противвоспалителни својства и на тој начин го повикува имунолошкиот систем на одбрана.

CBD може да ги уништи штетните клетки во организмот. CBD влијае на продукцијата на кемокин со чија помош белите крвни клетки ги напаѓаат микробите. CBD влијае на продукцијата и функционирањето на Т клетките кои се одговорни за меморијата на имунолошкиот систем, односно да ги памти сите вируси и бактерии со кој дошол во
контакт.

Антивоспалителните својства на CBD маслото делуваат позитивно на имунитетот на човекот

Досегашните истражувања покажуваат дека CBD маслото има противвоспалителни својства и позитивно делува на имунолошкиот систем. Противвопалителните својства на CBD маслото исто така помага во лекувањето на некои тешки болести како што се туморот и ретки синдроми (Драветов и Ленокс-Гаустатов синдром). За овие две опасни врсти на епилепсија се користи лек базиран на CBD масло.

Истражувањата покажуваат дека CBD маслото може да го забави развојот на туморните клетки, и тие не можат да се одржуваат и сами изумираат-процес наречен апоптоза. CBD-то може да ја преиначи фунцијата и лачењето на цитокинот чија функција е сигнал за активација на имунолошките станици. Покачените нивоа на цитокинот можат да бидат поврзани со стресот, на кој CBD маслото може да влијае со смирувачко дејство и да помогне во сите разни проблеми поврзани со несоница,анксиозност, депресија и други психички
пореметувања.

CBD и автоимуни болести

CBD маслото дејствува како имуносупресив. Поради одличните антивоспалителни својства дејствува на широк спектар автоимуни болести. Главни карактеристики на автоимуните болести се јаки и неприродни реакции на самиот имунолошки систем на вообичаено “безопасни” клетки, или реакција дури и врз самите сопствени клетки кои не може да ги препознае дека се негови и безопасни. Како имунолошкиот систем е прва линија на одбраната од болести, во случај кога самиот имунолошки систем сам се свртува против себе не препознавајки се, тогаш може да дојде до многу пореметувања на нормалниот тек на организмот и процесите кои се одвиваат. CBD маслото поради своите противвоспалителни својства и имуносупресивни својства се посочува како главна помош при лекувањето на автоимуните болести како МС и Паркинсонова болест.

MС (мултиплекс склероза)

Противвоспалителното својство на маслото од CBD влева оптимизам при лечењето на оваа болест, поради тоа што се покажало дека позитивно влијае во терапијата против болки и
грчеви кај луѓето кои боледуваат од мултиплекс склероза.Но влијанието на канбисот се уште се истражува и затоа задолжителна е консулатција со лекарски надзор.

Паркинсонова болест

Резултатите на истражувањето покажуваат дека при користење на CBD маслото при лекувањето на пациенти кои имаат Паркинсонова болест може да помогне за ублажување на
воспаленијата, болките и психичките проблеми кај овие луѓе и да им го олесни секојдневието.

Артритис

Истражувањата покажуваат дека CBD маслото може да ги ублажи симптомите на остеоартритисот, посебно кога станува збор за намалување на болките во зглобовите.

извор: hemp.mk

Social profiles