НЕ СТЕ СВЕСНИ ЗА МОЌТА НА ОВА ОВОШЈЕ ЗА ЗДРАВЈЕ НА КОСКИТЕ – Makedonija News

НЕ СТЕ СВЕСНИ ЗА МОЌТА НА ОВА ОВОШЈЕ ЗА ЗДРАВЈЕ НА КОСКИТЕ

Со возраста, коските стануваат подложни на дегенеративни промени, а кога губењето на коскената маса станува побрзо од нејзиното обновување, се јавува остеопороза.

Оваа болест ги ослабува коските и го зголемува ризикот од сериозни фрактури. Напаѓа милиони луѓе ширум светот, а може да доведе до силни болки во грбот, искривување на ‘рбетот и намалена висина.

Освен што се главна потпора за целото тело, коските обезбедуваат и заштита на виталните органи. Тие се и наше складиште на калциум и други минерали. Затоа е важно да се грижиме за нивното здравје, а во тоа може да ни помогне овошјето кое е достапно во секое време од годината по пристапна цена – сувите сливи .

Тие се одличен извор на калиум, магнезиум и витамин К, како и полифеноли кои придонесуваат за здравјето на коските, го намалуваат губењето на коскената маса и ја зголемуваат нивната густина.

Со оглед на тоа што сувите сливи влијаат и на варењето, треба да внимавате доколку не сте ги користеле досега. Започнете со еден до два дневно, а потоа зголемете на пет парчиња. Најслатки се ако ги ставите малку во фрижидер, бидејќи кога ќе се стврднат се повкусни за џвакање и потсетуваат на бонбони.

Social profiles