„Македонски телеком“ го прекина реемитувањето на рускиот канал „Раша тудеј“ (РТ) во земјава – Makedonija News

„Македонски телеком“ го прекина реемитувањето на рускиот канал „Раша тудеј“ (РТ) во земјава

„Македонски телеком“ го прекина реемитувањето на рускиот канал „Раша тудеј“ (РТ) во земјава.

Ве известуваме дека согласно Одлуката на Владата и истата рефлектирана преку Одлука на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, реемитувањето на овој канал не е повеќе дозволено, пишува во известувањето од „Македонски телеком“ доколку на вашиот телевизор го одберете каналот РТ.

Владата неодамна излезе со препорака за прекин на реемитувањето на „каналите во кои како основач се јавува Руската Федерација или приватни, физички или правни лица со потекло од Руската Федерација“. По препораката на Владата, „Телеком“ престана да ја реемитува РТ, но по некој ден овој канал беше повторно достапен во понудата на овој оператор. Сега одново е прекинато реемитувањето на рускиот канал.

Social profiles