(ВИДЕО) Автомобил влета во карневал во Белгија, четворица загинати, над 20 повредени – Makedonija News

(ВИДЕО) Автомобил влета во карневал во Белгија, четворица загинати, над 20 повредени

Најмалку четири лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени кога автомобил удри во група луѓе кои чекале да присуствуваат на карневалот во белгискиот град Стрепи-Бракени, 50 километри јужно од Брисел.

Меѓу загинатите има и дете, а 12 лица се тешко повредени, изјави Жак Гобер, градоначалник на соседниот град Ла Лувиер. Дваесет други се здобиле со лесни повреди.

„Автомобил возеше наназад со голема брзина. Имаме неколку десетици повредени и за жал неколку луѓе кои загинаа“, изјави Гоберт за локалното радио RTBF.

„Возачот беше пресретнат додека се обидуваше да побегне“, додаде градоначалникот.

Се уште не е утврдена причината за инцидентот или дали несреќата била намерна.

Инцидентот се случил рано наутро околу 5 часот (по локално време) за време на традиционалната церемонија на карневалот рано наутро.

Првите екипи се на местото на настанот и градот го активирал својот план за итни случаи, објави ДВ

Social profiles