Берлускони „симболично“ ја ожени својата 53 години помлада девојка, децата му забрануваат вистински брак – Makedonija News

Берлускони „симболично“ ја ожени својата 53 години помлада девојка, децата му забрануваат вистински брак

Некогашниот премиер на Италија, Силвио Берлускони, приредил симболична венчавка за својата 53 години помлада избраничка Марта Фашина.

Сега се појавија и фотографии и снимки од парот кој го одржал интимниот чин во вилата Гернето во градот Лесмо.

Иако размениле завети и имале и свадбена торта, Силвио и Марта не се официјално венчани, а причина за тоа се несогласувањата околу наследството во неговото семејство. Имено, децата на Берлускони не се воодушевени од фактот што тој на 85 години сака да се ожени со 53 години помлада жена, која потоа би добила право на дел од неговото наследство кое се проценува на 6 милијарди евра.

„Марта, кон тебе чувствувам голема љубов. Тоа е нешто што сè уште не сум го искусил и за мене си неизоставна. Беше покрај мене во тешките моменти, ми помогна. Ме надополнуваш, не би можел да живеам без тебе. Го исполнуваш мојот живот“, рекол поранешниот премиер во заветите.

Врската со Марта Фашина, Силвио ја започнал во 2020 година по раскинувањето со Франческа Паскале која тогаш наврши 34 години. Фашина дипломирала книжевност на римскиот универзитет Сапиенза и има 16 илјади следбеници на Инстаграм со кои главно споделува политички содржини.

Social profiles