Сопругата на поранешен украински пратеник фатена на граница со 30 милиони долари – Makedonija News

Сопругата на поранешен украински пратеник фатена на граница со 30 милиони долари

Сопругата на поранешниот пратеник на Народен фронт, Ихор Котвицки, Анастасија Котвицка се обидела да пренесе 28 милиони долари и 1,3 милиони евра или речиси 30 милиони долари во торби од Украина. Таа била запрена на границата во Унгарија и приведена, пишува Интерфакс.

Според оперативните информации, цариниците ја фатиле како шверцува 28 милиони долари и 1,3 милиони евра преку државната граница, на контролниот пункт Вилок во Унгарија. Парите биле во куфери без декларација и надвор од царинските прописи, се вели во соопштението на Интерфакс.

Согласно украинските закони за ова дело е предвидена казна е од три до шест години затвор.

Social profiles