(Видео) Погледнете каква глупост направил возач на „Tesla“ за „лајкови“ на социјалните мрежи – Makedonija News

(Видео) Погледнете каква глупост направил возач на „Tesla“ за „лајкови“ на социјалните мрежи

Видео од скок во скапоцена „Tesla“ се прошири на социјалните мрежи со молскавична брзина, но полицијата сè уште не го идентификувала прекршителот.

Имено, непознатиот возач одлучил да изведе скок со „Tesla“ во Ехо парк во Лос Анџелес, а притоа отштетил над 100.000 долари вреден автомобил, а по речиси нималку безопасното слетување удрил во најмалку едно возило. За среќа, никој не останал повреден.

Видеото го објавил Јутјуберот Алекс Чои кој рекол дека возачот на оваа „Tesla“ одлучил да отиде на истото место на кое еден друг Јутјубер (Давид Добрик) исто така направи скок со „Tesla Model X“.

Скокот овојпат бил далеку понебезбеден, а притоа возилото на „Tesla“ удрило во неколку канти за ѓубре и завршило во паркиран „Subaru Forester“.

Откако видеото добило повеќе од 1 милион прегледи, целиот настан ја заинтригирал и полицијата. Дополнителна причина е тоа што станува збор за изнајмена „Tesla“ која по несреќата била оставена на улица.

„Моментално немаме опис од возачот, а автомобилот е напуштен. Направен е престап, а детективите работат на пронаоѓање на виновникот“, изјавил гласноговорник на полицијата за „Newsweek“.

Полицијата моментално нуди 1000 долари награди за информација која ќе доведе до идентификување на возачот.

Social profiles