Бил Гејтс е успешен благодарение на една навика: Ова е тајната на правилото „пет часа“ до кое се придржуваат сите милијардери – Makedonija News

Бил Гејтс е успешен благодарение на една навика: Ова е тајната на правилото „пет часа“ до кое се придржуваат сите милијардери

Популарниот магазин „CEO“ пренесува декa таткото на американската нација, Бенџамин Френклин, бил првиот кој го применил ова правило.

Фокусот на овој концепт е едноставно учење во текот на денот. Освен тоа, Френклин бил посветен на мислењето и експериментирањето за да го оствари својот личен прогрес.

Френклин во 1758 година изјавил дека најмногу се исплати доколку вложувате во знаењето. По утринското будење тој читал и правел авторефлексија, а подоцна во текот на денот настојувал идеите да ги претвора во дела.

Се претпоставува дека токму таквиот начин на живот го направил да биде успешен.

Основачот на консултантската компанија „Impact“, Мајк Симонс, инспириран од Франклин го разработил правилото „пет часа“. Зборувајќи за значењето на учењето, Симонс порачал дека запоставувањето на учење најмалку по пет часа во текот на неделата во 21-от век е еднакво штетно како и пушењето.

Со оглед на значењето на знаење, не е изненадувачко тоа што многу од бизнисмените го прифатиле ова правило.

Еден од нив е мултимилијардерот Бил Гејтс, кој годишно чита над 50 книги. Уште еден мултимилијардер, Ворен Бафет дневно чита по шест часа, додека пак поголем дел од полнолетните Американци во просек читаа по 20 минути дневно.

Можноста за наоѓање работа сè повеќе ќе зависи од посветеноста на учењето, а на тоа укажува и Светскиот економски форум (WEF).

Social profiles