Дизелот поскапува за два денари, цените на бензините не се менуваат – Makedonija News

Дизелот поскапува за два денари, цените на бензините не се менуваат

Регулаторната комисија за енергетика ги објави цените на горивата кои ќе важат од вечерва на полноќ. Цените на бензините остануваат исти, додека дизел-горивото поскапува за два денара по литар, соопшти РКЕ. Поскапување има и кај мазутот.

Еве ги цените кои ќе важат од полноќ:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 82,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 84,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 86,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 81,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 56,207 (денари/килограм)

Social profiles