„Apple“ и „Meta“ предале кориснички информации на група хакери кои лажно се претставувале како полициски службеници – Makedonija News

„Apple“ и „Meta“ предале кориснички информации на група хакери кои лажно се претставувале како полициски службеници

Кон средината на 2021 година, „Apple“ доставил податоци за клиентите на хакери кои се претставиле како службеници за спроведување на законот, наведува новиот извештај на „Bloomberg“.

Според лицата запознаени со оваа ситуација, компанијата дала основни податоци за корисниците поради фалсификувани „итни барања“.

Bloomberg“ објаснува дека обично „таквите барање се доставуваат само со налог за претрес или судски повик потпишан од судија. Меѓутоа, за таквите итни барања не е потребен судски налог“.

Покрај „Apple“, и „Meta“ (матичната компанија на Фејсбук) исто така дала кориснички податоци на хакери. Покрај нив, и „Snapchat“ добил слично фалсификувано барање од истата група, но се уште е непознато дали компанијата овозможила информации за возврат.

Според публикациите, се верува дека зад некои од фалсификуваните правни барања стојат хакери поврзани со групата за сајбер криминал позната како „Recursion Team“.

Некои од хакерите се сомнева дека се малолетници кои се наоѓаат во Велика Британија и САД, велат експертите за сајбер безбедност. Покрај тоа, постои сомнеж дека еден од нив бил можел да биде лидерот на групата која неодамна ги хакираше „Samsung“, „Nvidia“ и „Microsoft“.

Од јули до декември 2020 година, „Apple“ примил 1.162 итни барања и овозможил податоци за 93 отсто од барањата. „Meta“ од друга страна, примил 21.700 итни барања од јануари до јуни 2021 година и овозможил податоци за 77 отсто од барањата.

Social profiles