Русите им се одзмадуваат на Швајцарците: Руски тајни агенти заплениле луксузни часовници на „Audemars Piguet“, вредни милиони долари – Makedonija News

Русите им се одзмадуваат на Швајцарците: Руски тајни агенти заплениле луксузни часовници на „Audemars Piguet“, вредни милиони долари

Агенти на руската тајна служба заплениле милиони долари вредни луксузни часовници од швајцарскиот бренд „Audemars Piguet“ како очигледна одмазда за санкциите на Швајцарија поради војната во Украина, извести во неделата швајцарскиот весник „NZZ am Sonntag“.

Часовниците биле запленети од локалната подружница на „Audemars Piguet“ во Москва претходно овој месец, наведува весникот. „Audemars Piguet“ е речиси 150 години стар, фамилијарен часовничарски бизнис, а луксузните часовници на брендот обично чинат десетици илјади долари.

Руските власти како причина за заплена на часовниците ги навеле царинските прекршоци, но швајцарското министерство за надворешни работи во доверлив меморандум навело дека веројатно станува збор за „арбитрарна репресивна мерка како реакција на санкциите“, според „NZZ am Sonntag“.

Швајцарија на 28-ми февруари отстапи од својот историски неутрален статус за да ја санкционира Русија поради нејзината инвазија врз Украина. Ограничувањата вклучуваат и забрана за извоз на луксузна роба во Русија.

Русија беше 17-ти најголем пазар за извор на швајцарски часовници во 2021 година со испораки во вредност од 260,1 милиони франци (280 милиони долари), според Федерацијата на швајцарската индустрија на часовници.

Social profiles