
Сите со нетрпение го чекаат ждребот за Светското првенство во Катар кој е на програмата денеска од 18 часот, а познато е и кој ќе се појави на истиот.
Рамо до рамо со фудбалските легенди како Бора Милутиновиќ и Лотар Матеус, ќе биде и атрактивната британска водителка Саманта Џонсон.
На церемонијата во Доха ќе бидат присутни селекторите на сите репрезентации кои се пласираа на Мундијалот во Катар како и легендите кои ќе помагаат во извлекување на топчињата, но Саманта би можела да ги засени сите.

Оваа водителка која обожува фудбал има потекло од Јамајка, а работела во бројни британски медиуми како „Sky Sports“, „Sun“ и „Bein Sports“.
Имнаку, покрај Саманта на ждребот ќе се појават и Џермејн Џенас, поранешен репрезентативец на Англија како и двократната светска шампионка, Американката Карли Лојд.
Тројцата ќе ја водат церемонијата на која ќе се појават Милутиновиќ, Матеус, Кафу, Али Даеи и други великани на светскиот фудбал…