
Доколку снемате идеи како да готвите пилешко, ви носиме рецепт кој сигурно ќе го воодушеви целото семејство.
Состојки:
- 4 поголеми батаци со карабатак
- 200-300 грама свеж спанаќ
- 200 мл крем за готвење
- 200 мл пилешка супа или една коцка за супа и 200 мл вода
- сок од еден лимон
- 50 грама пармезан
- со, бибер, лук по вкус.
Подготовка:
Вклучете ја рерната да се загрее на 250 степени. Одделете ги батаците посолете и бибер по вкус и пржете на врело масло 4 до 5 минути од секоја страна, додека не фати кора. Префрлете го пилешкото во соодветен огноотпорен сад или сад за печење, а на маснотијата што останала од пилешкото додадете свеж спанаќ исечен и со мешање динстајте 4 до 5 минути. Потоа во спанаќот додајте ја павлаката за готвење, пилешката супа, ренданиот пармезан и сокот од лимон. Со повремено мешање, динстајте го сосот на средна топлина околу 10 минути , додека не испари вишокот течност. Со сосот прелијте го пилешкото и печете на 180 степени 30 до 40 минути, односно додека пилешкото не е готово. Послужете топло, со пире од компири , варен ориз или тестенини.
Пријатно!