ОВА СЕ ПОКАЗАТЕЛИ ДЕКА ВНЕСУВАТЕ ПРЕМНОГУ ШЕЌЕР – Makedonija News

ОВА СЕ ПОКАЗАТЕЛИ ДЕКА ВНЕСУВАТЕ ПРЕМНОГУ ШЕЌЕР

Предвремено стареење

Прекумерното консумирање шеќер може да предизвика долгорочно оштетување на протеините на кожата, колагенот и еластинот. Така, освен предвремено стареење, може да предизвика и егзема на кожата.

Покрај тоа, вишокот шеќер може да го наруши балансот на хормоните и да доведе до појава на акни по долната вилица. Исто така, може да доведе до неурамнотежена цревна флора и воспаление во телото.

2. Создавање зависности

Многу истражувања ја потврдија позитивната врска помеѓу зголемениот внес на шеќер и зависноста. Шеќерот може да делува на вашиот нервен систем како лекови кои предизвикуваат чувство на зависност.

3. Ниско ниво на енергија

Гликозата игра важна улога во производството на енергија во нашето тело, но само кога е во оптимални количини во крвта. Кога внесувате шеќер преку храната, панкреасот ослободува инсулин кој помага во транспортот на гликозата до клетките и во тие моменти може да почувствувате интензивен наплив на енергија. Меѓутоа, кога вашите резерви се исцрпени, ќе почувствувате пад на енергијата, бидејќи на телото му треба повеќе шеќер за повторно да го започне циклусот.

4. Надуеност

Шеќерот може да го наруши балансот и рамнотежата на цревната флора и да создаде надуеност и непријатни гасови во стомакот.

5. Послаб имунолошки систем

Според експертите, 70% од нашиот имунолошки систем ги одржува корисните цревни бактерии, а како што шеќерот ги храни лошите, падот на имунитетот е посигурен.

6. Несоница

Овој симптом особено се јавува ако навечер консумирате храна богата со шеќер.

7. Вишок тежина

Вишокот гликоза телото го складира во црниот дроб, мускулите и во форма на маснотии околу половината. Ова е највидливиот и најчест знак дека вашата исхрана не е урамнотежена и дека треба да внимавате што внесувате во организмот и да го промените менито.

Social profiles