Бил Гејтс по разводот: Сам сум во вила со 18 бањи, децата ги нема, Мелинда го зеде кучето – Makedonija News

Бил Гејтс по разводот: Сам сум во вила со 18 бањи, децата ги нема, Мелинда го зеде кучето

Бизнисменот и еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс, зборуваше за приватните детали од бракот и разводот со поранешната сопруга Мелинда.

„Секој брак, како што децата си заминуваат од дома, минува низ транзиција. Мојот, за жал, помина низ оваа транзиција наречена развод. Но од моја гледна точка, тоа беше одличен брак. Јас не би го менувал. Не би се одлучил да се оженам за некоја друга“, изјави Гејтс во интервју за „Сандеј Тајмс“. Тврди дека најтешко му било кога децата си заминале од дома. И најмладата ќерка отишла на факултет и сега нивната вила во Сиетл со 18 бањи е празна.

Social profiles