БПЦ ја призна МПЦ како Православна црква на Ceверна Македонија – Makedonija News

БПЦ ја призна МПЦ како Православна црква на Ceверна Македонија

За разлика од Српската Православна Црква која како црква мајка го додели името Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, бугарската црква не признава под називот Православна Црква од Македонија, објави верскиот портал Религија МК.

Оваа одлука ја донел Синодот на БПЦ, откако ги разгледал писмата од Вселенската патријаршија за кревање на шизмата од МПЦ-ОА и од Српскиот патријарх Порфириј.

Сепак, БПЦ смета дека за официјалното име на МПЦ-ОА, дополнително треба да разговара Синодот.

-Денеска на своето заседание, во полн состав, Светиот Синод ги разгледа писмата на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј и Српскиот патријарх Порфириј во врска со каноничниот статус на Православната црква на Македонија и по спроведеното гласање одлучи: Бугарската православна црква – Бугарска Патријаршија со благодарност кон Бога и духовна радост ги прифаќа решенијата за подигање на шизмата и влегува во канонско и евхаристичко општење со Православната црква на Македонија. Прашањето за името на Православната црква на Македонија треба да биде дополнително разгледано, стои во соопштението на БПЦ.

Со ова практично Бугарската црква е четвртата црква во Православниот свет, која донесе одлука за сослжување со МПЦ-ОА, по Вселенската Патријаршија, Српската црква и Грчката (која ја поздарви одлуката).

Кога ќе се случи првото официјално сослужување меѓу МПЦ-ОА и БПЦ, засега нема најава.

извор: Религија МК.

Social profiles