Во Србија било пронајдено тело на маж забетонирано во столб од куќа, се се открило по самоубиството на сопругата – Makedonija News

Во Србија било пронајдено тело на маж забетонирано во столб од куќа, се се открило по самоубиството на сопругата

Полицијата во Лесковец објави дека истражувајќи го самоубиството на 38-годишна жена од Велики Трњан кај Лесковац, открила тело на маж забетонирано во столб на куќата.

Телото е дадено обдукција и истрагата е во тек, но медиумите јавуваат дека неофицијално се работи за сопругот на сега починатата жена, за кого се верувало дека е на работа во странство.

Сомневањата се дека таа го убила заедно со својот љубовник пред три години и го забетонирала.

„Многу успешно ги излажа семејството и децата дека отишол да работи некаде во странство и дека ќе разговара со него. Откако, се самоубила, љубовникот отишол во полиција и признал се“, наведува за Нова.рс извор близок до истрагата.

Телото на 38-годишната жена вчера било пронајдено во помошен објект во дворот од нејзината куќа, а нејзиното исчезнување семејството го пријавило пред неколку дена.

Наредена е и обдукција на нејзиното тело за да се утврдат причините за смртта, но сомневањата се дека извршила самоубиство.

извор: Нова.рс 

Social profiles