МАСКА СО ДОМАТ И ЛИМОН – Makedonija News

МАСКА СО ДОМАТ И ЛИМОН

Доматите во комбинација со сок од лимон ја осветлуваат кожата, го подобруваат тенот и ги отстрануваат пигментните дамки. Оваа мешавина исто така ги подобрува симптомите на акни со намалување на црвени и темни дамки.

½ зрел домат
½ лажичка сок од лимон

Измелете го доматот. Измешајте ги двете состојки во форма на пире. Нанесете со памук на чиста и сува кожа. Оставете да делува 15 минути. Измијте со ладна вода. Нанесете навлажнувачки хидратантен крем.

Меѓу придобивките на оваа маска се затегнување на порите, убивање на бактериите на кожата кои предизвикуваат воспаление, осветлување и подобрување на тонот на кожата.

Social profiles