КОРИСНИТЕ СВОЈСТВА НА СОКОТ ОД БРЕЗА – Makedonija News

КОРИСНИТЕ СВОЈСТВА НА СОКОТ ОД БРЕЗА

Сокот од бреза ќе биде хит поради неговите неверојатни својства. Помага во лекување на црниот дроб, грипот, главоболки, првут, егзема, па дури и топењего на масни наслаги и целулитот, објави Дејли Меил.

Сокот помага да се отстранат токсините од човечкото тело и секако ќе ја замени популарноста на сокот од кокос, кој беше прогласен за супер пијалок број еден во последните неколку години.

Сокот од брезата многу е лековит и се бори против бронхитис и артритис. Сокот се цеди во рана пролет. Се користи истиот систем како и за производство на јаворов сируп со дренажа. Во својата сурова форма, тоа е слатка течност богата со макронутриенти, електролити и калиум.

Водата од бреза одамна е позната во Источна Европа, Русија и некои региони на источна Кина. Исто како и кокосовото млеко, тоа е одлично средство за рехидратација. Сокот содржи и супстанца која го контролира нивото на холестерол во крвта и го зајакнува имунолошкиот систем.

Лековитата течност може да се извлече од сребрена бреза и северноамериканска слатка бреза. Големото дрво може да даде литар и пол сок без да му се наштети.

Social profiles