НАЈЧЕСТИТЕ ЖЕНСКИ СЕКСУАЛНИ ФАНТАЗИИ – Makedonija News

НАЈЧЕСТИТЕ ЖЕНСКИ СЕКСУАЛНИ ФАНТАЗИИ

Совршениот љубовник
Една од најчестите фантазии е секс со привлечен и страстен маж кој знае како да направи да се чувствувате специјални, знае како да ве допре без да му давате инструкции и може да ве задоволи како никој друг. Во фантазиите тоа може да биде вашиот партнер, непознат странец, пријател, колега или селебрити личност.

Секс со странец
Секси странец. Повеќето жени ја обожаваат идејата да се запознаат со мистериозен секси странец со кого ќе имаат луда интензивна сексуална авантура, а по која никогаш повеќе нема да го видат.

Зошто е примамливо? Жените често се воздржуваат за време на сексуалните односи, а кога се со некој што не го познаваат и кого никогаш повеќе нема да го сретнат, можат целосно да се опуштат и да ја покажат својата дива страна без да се плашат дека ќе бидат осудувани и без да чувствуваат грижа на совеста.

Вашиот партнер
Многу жени фантазираат за своите партнери, но бидејќи станува збор за тајна фантазија, тие фантазираат за нешто поинакво од она што го доживуваат во реалноста. Ако нивниот партнер е секогаш внимателен и нежен, си замислуваат див секс со него и обратно.

Зошто е примамливо? Затоа што одлично го познавате вашиот партнер и можете детално да си го претставите секој момент, а освен тоа оваа фантазија не носи чувство на вина – сепак вие фантазирате за вашиот партнер.

Колега, пријател, бивши
Фантазирањето за привлечниот бивши, колега, пријател, па дури и за партнерот на најдобрата пријателка, е сосема нормално. Често сте во контакт со оваа личност, а може и да присуствува во вашите палави соништа.

Зошто е примамливо? Одговорот е сосема едноставен – забранетото овошје секогаш е послатко.

Страсно трио
Сексот во тројка не е само популарна машка фантазија. И жените посакуваат уште една личност во спалната, барем во своите фантазии.

Тројка со двајца мажи
Како што мажите би сакале да го добиваат целото внимание од две жени, така и жените би сакале да бидат цел на допирите на двајца мажи кои ги обожаваат и посакуваат. Во оваа фантазија најчесто мажите се хетеросексуални и се заинтересирани само за жената и за нејзиното задоволување.

Доминација
Сексот во којшто едниот партнер е доминантен е во фантазиите на секоја жена.

Social profiles