Леонардо ди Каприо фрли око на Џиџи Хадид! – Makedonija News

Леонардо ди Каприо фрли око на Џиџи Хадид!

Леонардо ди Каприо „секогаш имал слаба точка“, а како што открива извор близок до него, тоа е манекенката Џиџи Хадид.

„Тој мисли дека таа е прекрасна. Ја смета за мудра жена која е културолошки освестена и има рационален пристап на животот“, изјавил неименуваниот извор во ексклузивно интервју за „US Weekly“.

Холивудскиот заводник и најбараната манекенка на денешницата се официјално во врска и двајцата, вели изворот, имаат голем број заеднички пријатели кои ги поддржуваат.

Џиџи има 27 години, а општо е познато дека Леонардо сака жени кои не се постари од 25 години. Меѓутоа, очигледно нешто се променило во неговиот начин на перцепција на љубовта.

„Со речиси 48 години, тој „омекна“ и им навестува на своите пријатели дека е многу помалку заинтересиран за тој плејбојски начин на живот“, заклучил неименуваниот извор близок до Ди Каприо, пренесува „US Weekly“.

За потсетување, актерот и моделот Камила Мороне (25) неодамна раскинаа по 4 години врска, а набрзо потоа медиумите започнаа да шпекулираат дека „ѝ фрлил око“ на Џиџи Хадид.

Social profiles