
Проверете некои од придобивките од сливите:
- Состојките сорбитол и исатин ги регулираат функциите на дигестивниот систем и се користат како ефикасен лек против запек.
- Високата содржина на витамин Ц во сливите му помага на телото да се бори против инфекции, воспаленија и слободни радикали.
- Сувите сливи се добри за очите и видот бидејќи помагаат да се одржи добрата состојба на очните мембрани.
- Студиите ја поврзуваат потрошувачката на сливи со заштита од одредени видови на рак – како што се ракот на дојката и ракот на белите дробови.
- Помагаат за одржување на здравјето на срцето. Високата содржина на антиоксиданси помага да се елиминираат слободните радикали и го намалува холестеролот.
- Сливите се природен лаксатив.
- Ја поддржуваат правилната апсорпција на железото од телото.
- Помагаат да се отстранат токсините од телото и на тој начин помагаат за намалување на килограмите на природен начин.
- Сувите сливи штитат од макуларна дегенерација.
- Имаат низок гликемиски индекс, што ги прави одлична храна за дијабетичарите бидејќи помагаат во регулирањето на нивото на шеќер во крвта.
- Го зајакнуваат имунолошкиот систем и штитат од настинки и инфекции.
- Витаминот Е и бета каротенот во сливите ја штитат кожата од стареење – помагаат во намалувањето на брчките и ја подобруваат еластичноста на кожата.
- Јадењето сливи помага да се заштитите од оштетување од сонце.
- Магнезиумот во сливите е корисен за развој на мускулите и нервите
- Сливите содржат големо количество фолна киселина и калциум, што ја помага нејзината апсорпција.Фолната киселина е особено корисна за трудниците и му помага на плодот да се развие правилно.
- Сувите сливи имаат диуретично и прочистувачко дејство, поради што често се вклучени во режимите за детоксикација.