Повредени 24 патници откако автобус излетал од пат во Австрија – Makedonija News

Повредени 24 патници откако автобус излетал од пат во Австрија

Автобус со 32 патници излетал од патот во текот на ноќта кај Бад Митерндорф во провинцијата Штаерска, а во несреќата се повредени 24 лица.

Четири лица се тешко повредени, а 20 се полесно повредени, соопшти полицијата.

Автобусот превезувал патници до езерото Грундљзе, кога од се уште неразјаснети причини излетал од патот.

Автобусот застанал веднаш до езерото, а сите патници успеале да се симнат од автобусот.

Двајца тешко повредени со хеликоптер се префрлени во блиските болници, две со брза помош, а другите 20 полесно повредени се пренесени во околните клиники.

Social profiles