Бизарен инцидент – Навивач истрча на теренот и се запали пред Федерер да го одигра последниот меч како проферсионален играч! – Makedonija News

Бизарен инцидент – Навивач истрча на теренот и се запали пред Федерер да го одигра последниот меч како проферсионален играч!

Неверојатна случка го одбележа денешниот меч од Лејвер купот меѓу Циципас и Шварцман, откако на паузата меѓу два гејма навивач влета на терен и си ја запали раката.

Како што се наведува, едно од лицата на трибините истрчало на теренот во знак на протест, а во таа прилика ја запалило својата рака. Ваквата сцена ја забележале и фотографите во О2 Арената, а на неговата маица пишувало „End UK Private Jets“ во склоп на протестот против користење на приватни авиони во Обединетото Кралство, со цел да се укаже на штетноста по околината.

Ниту еден од двајцата тенисери не биле близу овој инцидент, а играта набрзо продолжила откако се утврдило дека на подлогата на теренот не била направена никаква штета.

Social profiles