Топ 10 градови во кои живеат најмногу милионери – дури 5 од нив се наоѓаат во САД – Makedonija News

Топ 10 градови во кои живеат најмногу милионери – дури 5 од нив се наоѓаат во САД

Најголемиот број на милионери живеат во САД, открива новото истражување на „Henley Global Citizens Report“.

Дури пет од десет градови со најголем број на милионери во светот се наоѓаат токму во САД – станува збор за Њујорк, Сан Франциско, Лос Анџелес, Чикаго и Хјустон.

Њујорк го зазел првото место со дури 345.600 поединци чие богатство е проценето на милион долари или повеќе. Од тоа, неверојатен број повеќе од 15.000 лица во посед имаат неколку десеттина милиони, 737 лица поседуваат повеќе од 100 милиони долари, пренесува „Investitor.me“.

На второ место се наоѓа јапонски Токио со 304.900 милионери, а потоа е Сан Франциско во кој бројот на милионери изнесува 276.400.

Во топ 10 градови со најголем број на милионери се наоѓа и главниот град на Обединетото Кралство – Лондон, како и Сингапур, Пекинг и Шангај.

Листата е следна:

1. Њујорк, САД – 345.600 милионери.

2. Токио, Јапонија – 304.900 милионери.

3. Сан Франциско, САД – 276.400 милионери.

4. Лондон, Обединето Кралство – 272.400 милионери.

5. Сингапур – 249.800 милионери.

6. Лос Анџелес, САД – 192.400 милионери.

7. Чикаго, САД – 160.100 милионери.

8. Хјустон, САД – 132.600 милионери.

9. Пекинг, Кина – 131.500 милионери.

10. Шангај, Кина – 130.300 милионери.

Social profiles