3 ПРИЧИНИ ЗОШТО Е ДОБРО ДА ЈАДЕТЕ КОСТЕНИ – Makedonija News

3 ПРИЧИНИ ЗОШТО Е ДОБРО ДА ЈАДЕТЕ КОСТЕНИ

  1. Извор на влакна

Само 10 печени костени ќе ви обезбедат 17% од дневната доза на влакна, кои се неопходни за здраво варење . Влакната кои се наоѓаат во храната од растително потекло, како што се јаткастите плодови, имаат ефект на намалување на нивото на ЛДЛ (или „лошиот“) холестерол и придонесуваат за одржување на тежината.

  1. Стабилен извор на енергија

Бидејќи содржи сложени јаглехидрати, нашето тело полека ги вари, што му обезбедува стабилен извор на енергија . Храната богата со влакна и сложени јаглехидрати не го нарушува нивото на шеќер во крвта, туку ги намалува потенцијалните скокови на инсулин.

  1. Го зајакнува имунолошкиот систем, крвните садови и коските

Покрај сложените јаглехидрати, костените содржат витамин Ц, кој придонесува за зајакнување на имунолошкиот систем , но и крвните садови, формирање на ‘рскавица, мускули… Ги штити клетките од оксидативен стрес и помага во апсорпцијата и складирањето на железото.

Костенот содржи и бакар , кој игра важна улога во зачувувањето на крвните садови, нервите, имунолошкиот систем и коските. Десет печени костени обезбедуваат 21% од препорачаната дневна потреба за овој минерал.

Social profiles