Од утре ќе продолжи полицискиот час од 22 до 05 часот – Makedonija News

Од утре ќе продолжи полицискиот час од 22 до 05 часот

Од утре продолжува полицискиот час од 22 часот до 05 часот наутро, но доколку состојбата се влоши можни се и дополнителни рестрикции, изјави министерот за здравство Венко Филипче за Сител.

-Врз основа на последните бројки на новодијагностицирани случаи, врз основа на бројот на пациенти кои што се примаат во болниците во изминатите денови и врз основа на бројот на слободни кревети кои што со менаирање и прераспределба во изминатиот период го зголемивме, ставот е дека од утре ќе продолжат да важат истите мерки, како и досега, тоа значи дека останува на сила полицискиот час од 22 до 05 часот наутро, а за евентуална дополнителна рестрикциј ќе разговараме во текот на неделата врз основа на тоа што ќе се случува следните денови, кажа Филипче.

Social profiles