Градоначалникот Георгиески со сочувство за смртта на Серафим Булоски, вработен во општина Охрид – Makedonija News

Градоначалникот Георгиески со сочувство за смртта на Серафим Булоски, вработен во општина Охрид

Со големо жалење ја примив веста дека како последица на корона вирусот Ковид 19, животот го загуби долгогодишен вработен во Општина Охрид и член на Локалниот кризен штаб. Се работи за прв смртен случај од вирусот во рамки на општинската администрација.Во мое лично име и во името на локалната самоуправа упатувам искрено сочувство до семејство и неговите најблиски.Повторно апелирам до сите вработени во општината и до сите граѓани за максимално почитување на мерките за заштита и превенција од вирусот. Да продолжиме да бидеме одговорни, да го сочуваме сопственото и јавното здравје, напиша на ФБ градоначалникот Георгиески.

Social profiles